фото: EPA-EFE

Лајчак: Се договоривме со главните преговарачи за итно спроведување на договорот Белград – Приштина

Претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, соопшти дека неделата што изминала била во знакот на средбата што се одржала во рамките на главните преговарачи во дијалогот Косово-Србија.

Тој преку објава на Фејсбук напиша дека косовската и српската страна во рамките на средбата разговарале за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација и актуелните итни прашања.

Тој рече дека за средбата го информирал и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле.

„Се сретнав и со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле. Добро беше да се зборува за последните случувања во Западен Балкан. Го информирав и за средбата за дијалогот со главните преговарачи. Со добра волја се согласивме за потребата од итна имплементација. Многу сум благодарен за силното партнерство и координација со Соединетите Држави кога станува збор за дијалогот“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот