epa08760953 YEARENDER 2020 PERSONALITIES European Central Bank President Christine Lagarde during an EU Eurogroup finance ministers' meeting at the European Council in Brussels, Belgium, 20 January 2020. Lagarde is the first female President of the ECB. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Лагард: Фондот за обнова на ЕУ да стане достапен „без одлагање”

Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард денеска повика планираниот фонд за обнова на ЕУ  од коронавирусот да стане достапен „без одлагање”, откако Полска и Унгарија го блокираа усвојувањето на планот.

Апелот уследи пред видеоконференцијата од страна на лидерите на ЕУ, на која ќе доминира спорот за буџетот, кој се заканува да го задржи отклучувањето на многу потребниот стимул за ублажување на економскиот удар од пандемијата.

Пакетот на ЕУ за следната генерација од 750 милијарди евра „мора да стане оперативен без одлагање”, изјави Лагард пред Комитетот за економски и монетарни работи на Европскиот парламент.

„Дополнителните ресурси на пакетот можат да ги олеснат експанзивните фискални политики, особено во оние земји во еврозоната со ограничен фискален простор”, додаде таа.

ЕЦБ презеде невидени мерки за да се задржи „течењето” на кредитите и да им се помогне на земјите од еврозоната да ги надминат последиците од коронавирусот, вклучително и преку ултра-евтини заеми на банки и шема за итни купувања на обврзници од 1,35 трилиони евра.

Лагард постојано ги повикуваше европските влади да помогнат во носењето на товарот преку фискален стимул и силно го охрабри предложениот пакет за спас на ЕУ.

Но, според постапката на ЕУ, земјите-членки треба да дадат едногласна поддршка на планот.

На почетокот на оваа недела, Варшава и Будимпешта ставија блокада на патот со одбивање да го потпишат пакетот и долгорочниот буџет на ЕУ, бидејќи тие се против плановите за врзување на финансирањето со критериумите за владеење на правото.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот