Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

„Ладен туш“ од Турција: Шведска не е ниту на половина пат да ги исполни условитe за влез во НАТО
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека земјата ги поздравува чекорите што ги презема Шведска за добивање одобрение за влез во НАТО, но дека не е ниту на „половина” од исполнувањето на списокот со обврски што ги презеде за да ја обезбеди поддршката на Анкара.
Препорачано
Чавушоглу на конференцијата со неговиот шведски колега Тобијас Билстром рече дека одлуката на шведскиот суд да не екстрадира човек кој Турција го бара за наводна поврзаност со неуспешниот пуч во 2016 година ја „труе” позитивната атмосфера во преговорите.
Шведска и Финска ја напуштија својата долгогодишна политика на воена неутралност оваа година и решија да аплицираат за влез во НАТО по руската инвазија на Украина.
За ова е потребно едногласно одобрување од 30 земји-членки, но Турција се уште не дава зелено светло, а како услов ја постави екстрадицијата на членовите на групите кои Анкара ги смета за терористички.
Чавушоглу додаде дека турската Влада се уште чека „конкретен развој” кога станува збор за екстрадициите и замрзнувањето на имотот.
„Има документ, тој треба да се спроведе. Сè уште не сме ни на половина пат. Ние сме на почетокот, рече тој“, мислејќи на меморандумот што Турција, Шведска и Финска го потпишаа во јуни.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
8мин
-
14мин
-
29мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5