фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Лацио го совлада Милан со гол од пенал во 98 минута

Фудбалерите на Милан го претрпеа третиот последователен пораз, откако на домашен терен загубија од Лацио со резултат 2:1 во натпреварот од 27 коло на Серија А.

Играчите од римскиот клуб поведоа по 28. минута. Павловиќ сакајќи да интервенира му ја подари топката на својот ривал, следуваше контранапад на гостите, Марушиќ шутираше, Мењон одбрани, но Матија Ѕакањи налета на топката и го постигна голот за Милан.

Работите се претворија во кошмарни за домаќинот на крајот од натпреварот. Напаѓачот Лација Исаксен му побегна на српскиот дефанзивец Страхиња Паловиќ, кој сериозно го фаулираше и заработи директен црвен картон, со што домашните останаа со 10 фудбалери во последниот половина час.

Иако со играч помалку Милан беше поенергичен и поконкретен, а се исплатеше на пет минути пред крајот кога центаршутот на Рафаел Леао го најде Самуел Чуквуезе, а нигерискиот напаѓач со одличен удар под пречката го израмни резултатот на Сан Сиро.

Сепак, во последната минута од играта беше досуден пенал за Лацио. Манжон го собори Исаксен, а по гледањето ВАР беше досуден најстрогата казна. Педро во 98 минута ја презеде одговорноста и беше прецизен во славењето на гостите.

Лацио е на четвртото место со 50 бодови, ддоека Милан е на деветтата позиција со 41.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот