Ла Верита – од каде дува ветерот?

Италијанскиот весник кој денеска се најде во центарот на вниманието на македонската јавност со објавата на видеото од предавањето на парите во случајот „Рекет“ објавува и подолг текст на темата во кој тврди дека „Могерини и Брисел бараат оставка од премиерот Заев“ поради случајот, пишува Дојче Веле на македонски.

Во текстот, Ла Верита ја опишува Северна Македонија како држава „со ограничен суверенитет во која политичките актери се кукли зад кои стојат далеку помоќни меѓународни фактори“.

Понатаму, весникот дава генеза на случувањата во земјата па наведува дека „во 2016 Меркелова Германија, преку локалното раководство на Дојче Телеком, пресретнала илјадници часови телефонски разговори меѓу членовите на поранешната конзервативна влада и ги предала транскриптите директно во рацете на Зоран Заев со цел да му помогне да дојде на власт и да манипулира со нив како сака“.

„Германскиот план беше комбиниран со Сорос кој со месеци финансираше протести на улиците. Како и да е, и покрај тоа што несаканото фаворизирање однадвор успеа, конзервативната влада на ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја оспоруваше вистинитоста, содржината и методите на прислушкувањето.

Ла Верита сега дојде во посед на видео  кое пред неколку недели му беше предадено на Обвинителството за организиран криминал на Северна Македонија од страна на адвокатот на жртвата, кое за првпат ја докажува вмешаноста на Боки 13 во координација со обвинителката Катица Јанева.

Последната дилема која се наметнува е зошто токму весникот Ла Верита? Се работи за весник формиран во 2016 година со релативно скромен тираж од 70 илјади примероци дневно и со седиште во Милано. Ла Верита важи за десничарски весник кој негува тесни врски и му дава отворена поддршка на лидерот на популистичката Северна Лига (Лега Норд), Матео Салвини. Салвини е актуелен министер за внатрешни работи.

Весникот, како и Северната Лига, е приврзеник на идејата за илиберална демократија и поддржувач на политиките на Доналд Трамп во САД, Виктор Орбан  и Владимир Путин во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот