fiba.basketball

Квалификации за ОИ: Ветувачка група за Србија, тешка задача за Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Србија доби ветувачка група преку која ќе брка пласман на Олимписките игри во Токио, додека Хрватска ја очекува пеколно тешка задача, одреди денешната ждрепка која ја организираше ФИБА.

24 репрезентации ќе играат на четири квалификациски турнири, од кои само победниците на турнирите ќе обезбедат пласман на ОИ во Токио 2020. Во секој град организатор, Белград (Србија), Сплит (Хрватска), Каунас (Литванија) и Викторија (Канада), репрезентациите се поделени во две прелиминарни групи и првопласираните во меѓусебна пресметка ќе го дадат победникот на турнурит кој ќе игра на ОИ.

Србија која е еден од организаторите на четирите квалификациски турнири, во Белград против незгодната Италија, Нов Зеланд, Порторико, Сенегал и Доминиканска Република, е главен фаворит за освојување на првото место.


За разлика од Србија, селекцијата на Хрватска ја очекува вистински пекол бидејќи визата за Токио ќе ја „вади“ во дуелите против Германија, Русија, Мексико, Тунис и Бразил.

Словенија која се очекува да биде предводена од Лука Дончиќ ќе игра во квалификациската група во Каунас, во која домаќин ќе биде Литванија. Противници на Дончиќ и соиграчите, освен домаќинот ќе им бидат уште и Јужна Кореја, Венецуела, Полска и Ангола. За последното место на ЛОИ во групата во Канада, покрај домашната репрезентација ќе се борат и Грција, Чешка и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот