фото: принтскрин/инстаграм

Курзава не може повеќе да издржи: Ми недостасува фудбалот! (ВИДЕО)

Какви балони, какви пилатес топки, објавено едно интересно видео на Инстаграм од страна на францускиот репрезентативец..

Голем број на спортски натпреварувања се одложени, прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Луѓето ширум светот се наоѓаат во карантин, домашна изолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

View this post on Instagram

i miss you ⚽️❤️

A post shared by Layvin Kurzawa 20 (@kurzawa_20) on

Помеѓу нив и  фудбалерот Лејвин Курзава кој објави едно интересно видео на Инстаграм. Воедно татко на една ќерка, кратко и јасно призна дека му недостасува играњето на фудбалот.

Какви балони, какви пилатес топки, само фудбалската топка го прави среќен и задоволен играчот на париските „светци“.

Станува збор за 27-годишен лев бек кој настапува за францускиот фудбалски клуб на ПСЖ. Од 2015 година овој дефанзивец со екипата има три титули во „Лига 1“, досега има 87 натпревари и девет голови.

Пред да се пресели во ПСЖ ги бранеше боите на Монако, а исто така има и 13 мечеви и еден гол во дресот на најдобрата француска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот