Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Курти повторно ги повикува граѓаните на Косово да ги пререгистрираат своите возила

Премиерот на приштинските привремени институции Аљбин Курти не се откажува од намерата да ги пререгистрира регистарските таблички на возилата во сопственост на Србите на Косово и Метохија на „РКС“, односно табличките на т.н. „Република Косово“.

Преку социјалната мрежа Фејсбук, со видео порака на српски јазик, Курти ги повика граѓаните да се пререгистрираат од денеска во следните два месеци без надоместок, кој инаку ќе изнесува 5.000 евра.

Пререгистрацијата, рече тој, почнува денеска и ќе трае до 31 октомври во 34 центри.

„Ги повикувам граѓаните на Република Косово, сопственици на автомобили со регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ и „ЃА“ повторно да ги регистрираат на регистарски таблички на РКС во следните два месеци, при што се ослободени од даноци и давачки во износ до 5.000 евра“, напиша Курти.

Тој повтори дека на т.н Косово има вкупно 401.945 автомобили со регистарски таблички РКС, од кои десетици илјади се во сопственост на припадници на малцинските народи, или само два отсто од вкупниот број.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот