Курти не ја отфрла можноста за разговори за „малиот Шенген“

Косовскиот премиер Албин Курти верува дека балканскиот „мал Шенген“ е повеќе идеја отколку конкретен план. Според него, не верува дека овој проект е обид за оживување на Југославија.

– Но, јас не ја отфрлам идејата дека во Србија може да веруваат дека ова иницијатива е за креирање на четврта Југославија – изјави Курти за КТВ.

Но, сепак Курти не ја отфрли можноста да седне на масата на оваа иницијатива.

– Ние ги немаме документите од трите средби. Само кога ќе се запознаеме со нив, ќе одлучиме за следниот чекор, во владата на Косово – додаде Курти.

Тој зборуваше и за дијалогот со Србија и рече дека тој ќе ја води косовската страна во разговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!