Купувајте злато и нафта за да ги ублажите ризиците- препорачува Голдман Сакс

Њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс денес ги повика инвеститорите да вклучат злато и нафта во своите долгорочни портфолија со цел да ги ублажат ризиците за нивниот капитал. Во време кога традиционалната стратегија за распределба на средства 60/40 (акции/обврзници) трпи сериозни удари, банкарските аналитичари веруваат дека златото и нафтата се во можност да им обезбедат на инвеститорите позитивни реални приноси, објавува Блумберг.

Голдман Сакс особено ја нагласува улогата на златото како „безбедно пристаниште“ во сценарија кога пазарот почнува да се сомнева во кредибилитетот на американските институции, вклучително и американската централна банка, ФЕД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот