Тему / Фото: Dzmitry Kliapitski / Alamy / Profimedia

Купивте на Тему по грешка – можете да ги вратите парите во два чекора

Платформата Тему долго време е многу популарна за онлајн купување, а клиентите се претежно задоволни од стоката што пристигнува од Кина во рок од десет дена. Сепак, многу луѓе се прашуваат што да прават во случај случајно да ја завршат нарачката и да платат за стоката пред да планираат.

Еден клиент, Драган П. од Србија се нашол во токму таква ситуација, а парите му биле одземени од сметката во истата секунда- пишува Каматица.

– Веднаш добив известување дека мојата нарачка е примена и дека пакувањето на стоката е веќе во тек! Сумата не беше преголема, 3.000 динари, но со оглед на тоа што се ближи крајот на месецот, навистина не сакав да ги потрошам тие пари за предметниот артикл, што сигурно не ми е итеново моментов. Се фатив за глава, мислејќи дека е невозможно да ја повлечам нарачката – вели Драган П.

Се испостави дека постои решение и дека не е комплицирано. Драган објаснува дека френетично ја пребарувал апликацијата за да си ги врати парите и открил дека може да го направи тоа во неколку едноставни чекори.

Чекор 1: Откажување и враќање во „Кредит предмет“

– Тоа е нивната поддршка за корисници, па затоа во „Имате прашања?“ напишав дека случајно го притиснав копчето за плаќање. Во истата секунда (одговорот беше автоматизиран), добив порака дека парите ќе ми бидат вратени во форма на кредитна линија и дека нарачката е откажана – објаснува Драган.

Парите навистина му биле вратени на сметката и прикажани под опцијата „Кредит салдо“. Сепак, ова само значело дека можел да ги користи за некое друго купување на оваа платформа.

Чекор 2: Повраќање на банкарска сметка

– Потоа напишав дека сакам парите да ми бидат вратени на банкарската сметка – вели Драган.

По неколку секунди, пристигна автоматска порака дека парите се вратени на сметката од која првично биле повлечени, заедно со извинување за евентуалните непријатности. Виртуелниот асистент спомена дека се потребни од 5 до 30 дена за да се вратат парите, пишува Бизпортал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот