Фото: Reddit / alinaa10

Купила чанта „Гучи“ во продавница за половни работи за само 2 долари, а внатре ја очекувало изненадување кое ќе го памети

Во светот на шопингот, понекогаш малите работи што ги наоѓаме се оние што нè изненадуваат. Таков случај се случил во Калифорнија, кога една жена пронашла оригинална чанта „Гучи“ во продавница за половна облека која се продавала за два долари.

На почетокот мислела дека е евтина имитација. Сепак, кога ја однела дома и ја прегледала подетално, сфатила дека станува збор за вистински модел на „Гучи“ од 1973 година.

Но, изненадувањата не завршиле тука. Внатре пронашла рачно напишана белешка, потпишана од поранешната сопственичка – жена по име Шеила, објавува „Мирор“.

Фото: Принтскрин / Редит

„Оваа чанта е оригинална, а не имитација. Уживајте во неа, а доаѓа и со бесплатна фризура ако сте жртва на пожарот во Обрн“, пишувало во него.

Новата сопственичка решила да го сподели необичното откритие на Редит, додавајќи дека споменатата продавница за половна облека обично нема брендирана стока и дека чантата е донирана. Контекстот на пронајдената порака е исто така интересен.

„Живеам во Калифорнија, имаше голем пожар во Обрн, па Шила им понудила бесплатни фризури на луѓето кои беа погодени, веројатно за да им помогне да се чувствуваат подобро“, напиша таа на Редит.

Фото: Принтскрин / Редит

Во пораката беше оставен и телефонскиот број на пријател на поранешната сопственичка на чантата, која била подготвена да обезбеди бесплатен фризерски третман на секој што ќе се јави и ќе ја спомене пораката.

Необичната приказна стана вирална и предизвика многу коментари на интернет, потсетувајќи нè дека понекогаш најубавите моменти доаѓаат од неочекувани извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот