Судење Палчо 3 дел / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Кумот Гоце клучен за снимките поврзани со Вања и Панче – не може да биде обезбеден

Обвинителката Жаклина Крстевска пред почетокот на денешното продолжение од рочиштето за убиствата н 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски информираше дека Обвинителството не може да го обезбеди сведокот Гоце Трајковски. Тој е клучен во истрагата бидејќи тој ги има обезбедено клучните снимки преку кои е направено поврзување меѓу возилото „Цитроен“ што поминувало пред зградата на Вања Ѓорчевска и сопственикот на возилото Панче Жежовски. Тоа пак ги однесе истражните органи во седиштето на партијата Десна од каде почнаа расветлувањата на двете убиства.

Обвинителката го информираше судијата Ивица Стефановски дека лицето не се наоѓа на пријавената адреса. Гоце Трајковски е син на Кираца Трајковска која на едно од минатите судски рочишта посочи дека тој имал панични напади и затоа не дошол да сведочи. Полицијата оттогаш објави дека го бара за друго дело.

Судијата најави дека ќе се обидат да го обезбедат Трајковски, па дури потоа ќе одлучи што ќе прави со овој сведок.

На тоа се надоврза адвокатот на обвинетиот Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, кој побара во судот да се чита исказот што Трајковски го дал во Обвинителството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот