Фото: Слободен печат / илустрација

Кумановец е уапсен, наводно му го запалил џипот на сограѓанин

Полицијата вчера го уапсила 31-годишниот Б.П. од Куманово, за кого има основано сомнение дека потпалил џип во сопственост на негов сограѓанин, соопшти МВР.

„Тој се сомничи дека на 30 август 2025 година на улица „Моша Пијаде“ подметнал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово. Б.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!