Плакат за шестото издание на „Клинци“

„Култура Бета“ го најави шестото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“

Вториот циклус на мултимедијалниот настан „Клинци“ на „Култура Бета“ ќе почне со претставување на четворица млади книжевници и една млада визуелна уметница. Циклусот ќе биде отворен со шестото издание на „Клинци“, што ќе се одржи во „Јуроп хаус Скопје“ на 28 февруари (петок), со почеток во 20 часот.

На шестото издание на „Клинци“ ќе читаат Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Бисера Стефановска и Емануела Ковачевска Китановска, изложба ќе има фотографката Емилија Трајковска, а модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

– Некои луѓе ќе викнат, ќе крикнат: „Младите денес ништо не прават“, „Млади бездарници“ или, пак, „Денес младите се тапа“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба. Ве очекуваме сите млади, но и повозрасни, клинци и неклинци – повелете! – истакнуваат од „Култура Бета“.

Младинското здружение „Култура Бета“ ги реализира своите настани под мотото #ослободи ја младинската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот