Албин Курти / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Кулминација на тензиите меѓу Вашингтон и Приштина – замрзнат стратешкиот дијалог САД-Косово

Соединетите Американски Држави го суспендираат на неодредено време стратешкиот дијалог со Косово, поради загриженост во врска со активностите на техничката влада во Приштина, соопшти амбасадата на САД во Приштина.

Според Вашингтон, владата во технички мандат „ги зголемила тензиите и нестабилноста“, со што „ги ограничила можностите за продуктивна соработка меѓу двете страни по заедничките приоритети“.

„Остануваме посветени на промоцијата на заедничките интереси на САД и граѓаните на Косово. Нашиот однос со Косово се заснова на заедничката цел за зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски раст. За жал, неодамнешните дејствија и изјави на вршителот на должноста премиер Албин Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години“, соопшти Амбасадата.

„Стратешкиот дијалог има цел да ги зајакне економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел која народот на Косово ја дава како приоритет“, се додава во соопштението од американската амбасада во Приштина.

Пред неколку дена, во обраќањето по седницата на Генералниот совет на владејачката партија Самоопределување, премиерот Аљбин Курти го нарече Уставниот суд „политичка сенка на опозицијата“, незадоволен од одлуката на судот да воведе привремена мерка со која им се забранува на членовите на Парламентот да преземаат дејствија и какви било процедури за формирање нова влада до 30 септември.

Се огласи и в.д.-амбасадорката на САД во Косово, која изрази разочарување од неодамнешните изјави на косовскиот премиер во техничкиот мандат, велејќи дека ваквите постапки „го поткопуваат политичкиот процес, ги ослабуваат институциите на Косово и ги влошуваат меѓуетничките тензии“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот