Дмитриј Кулеба / Фото: Profimedia

Кулеба со голем оптимизам: Во јули очекуваме „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО

Шефто на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Киев очекува „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен исчекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Тој пред новинарите од повеќе светски медиуми изјави дека има „многу активен ангажман со сојузниците во НАТО“, без да даде повеќе детали.

Кулеба додаде дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство во Алијансата, како што е „капацитетот за одбрана на границите на НАТО“.

-Тоа е она што го правиме бранејќи ја Украина, рече Кулеба.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!