
Куклите „Лабубу“ ја вивнаа компанијата „Поп Март“: „Не сме виделе ништо слично“
Кинеската компанија за играчки „Поп Март“, која стои зад исклучително популарните кукли „Лабубу“, објави дека нејзината добивка нагло се зголемила во првите шест месеци од оваа година. Компанијата со седиште во Пекинг изјави дека профитот се зголемил за 350 проценти и дека приходите се зголемиле повеќе од трипати.
Препорачано
„Поп Март“, која има пазарна вредност од повеќе од 40 милијарди долари, исто така рече дека профитабилноста е зголемена од зголемената глобална препознатливост на брендот и контролата на трошоците.
Иако куклите „Лабубу“ беа лансирани на пазарот во 2019 година, тие доживеаа вистинска пазарна ренесанса оваа година.
Знаете ли што е Лабубу и зошто фановите со часови чекаат ред да го купат?
Многу колекционери, деца и возрасни, се опседнати со куклите, а доказ за ова е фактот дека речиси 40 проценти од вкупните приходи на компанијата во 2024 година доаѓаат од продажба надвор од Кина.
Многу продавници низ целиот свет мораа да ја паузираат продажбата на куклите „Лабубу“ поради огромната побарувачка.
Партнерствата на „Поп Март“ со големи имиња како „Кока-кола“ и манга франшизата „Уан Пис“, исто така, го подобрија моменталниот статус на куклите.
Во јуни, продажбата на „Лабубу“ во САД се зголеми за 5.000 проценти во споредба со претходната година. „Не сме виделе ништо вакво со други компании“, изјави аналитичарот Винчи Жанг за ББС, пренесува Кликс.ба.