Фото: Приватна архива

Кујнското катче на Ана Крстаноска: Старинска пита со сирење

Ана Крстаноска е млада и креативна жена, која стои зад еден од најубавите инстаграм-профили за храна кај нас – „Ана кичен корнер“ (ana_kitchen_corner).

Готвењето ѝ е вистинска пасија и хоби на кое му пристапува со голема љубов и посветеност.

– Приготвувањето храна го доживувам како мое хоби, кое го надополнувам со многу љубов и внимание секогаш кога сум во можност. Среќна сум кога им спремам нешто вкусно на моето семејство и моите пријатели и токму тоа ми ја полни душата со позитивна енергија – вели таа.

Денеска ви го претставуваме нејзиниот рецепт за старинска пита со сирење.

– Оваа пита е лисната, мека како памук а од надвор крцкава полна со сирење – вели Крстаноска.

Фото: Приватна архива

Потребни состојки:

  • 550-600 г брашн
  • 200 мл млака вода
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 100 г маргарин
  • 250 г тврдо сирење
  • Јогурт за премачкување + сусам

Подготовка:

Во длабок сад измешајте млака вода, квасец, шеќер и малку брашно. Оставете да стаса 10 минути. Додајте ги јајцата, маслото и солта, па постепено додавајте брашно. Прво мешајте со лажица, а потоа замесете меко тесто. Оставете го да одмори 15 минути. Стопете го маргаринот и издробете го сирењето. Премачкајте кружен плех (34-36 см) со маргарин. Од тестото формирајте 8-10 топчиња. Секое расукајте го колку чинија, премачкајте со маргарин и наредете во плехот, нежно истегнувајќи кон рабовите. Врз секоја кора наросете сирење. Повторете ја постапката со сите кори, освен со последната. Спојте ги горната и долната кора така што ќе ги прилепите краевите. Може лесно да ги притиснете одозгора за подобро соединување. Исечете ја питата на квадрати и оставете ја да одмори 15 минути. Премачкајте со јогурт, наросете сусам и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. К.С.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот