
Кучково ќе добие велосипедска и пешачка патека
Општина Ѓорче Петров започнува со мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека во селото Кучково. Велосипедската патека што ќе се изведува ќе биде долга 4,5 километри и 2 метри широка, додека пак должината на пешачката патека е 8,4 километри и е широка 1,5 метри.
Препорачано
На овој начин се насочуваме кон планинскиот туризам и убавините што ги нуди руралниот дел во нашата општина. Создадаваме ново прибежиште за љубителите на природата на само 16 километри оддалеченост од центарот на Скопје.Ќе им понудиме на посетителите нов простор за спорт и рекреација, урбано оплеменување на постоечкиот и неоплеменет дел во Кучково. Со проектот предвидено е и расчистување на трасата, поставување видиковци и инфоративни табли, корпи за отпад, клупи и културни знаменитости. Кучково ќе биде на мапата на атрактивни туристички дестинации во Македонија, онака како што ветивме пред граѓаните – информира градоначалникот Александар Стојковски.
Вредност на проектот се проценува околу 4.7 милиони денари од кои 10 отсто се средства од општината, а останатите ги обезбедува Скопски плански регион.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5