фото: kfsm.mk

Крстевски: Стојам зад тоа дека овие девојки се иднината на македонската кошарка

Јуниорската кошаркарска репрезентација беше единствената женска репрезентација за ова лето 2024 која зема учество на младинскиот континентален собир, дивизија Б.

По неколку селективни тренинзи, селекторот Горан Крстевски и неговите стручни соработници прозиваа на 1 јули. Беа одиграни и две пријателски средби пред настапот на првенството кое се одигра во Плоешти, Романија од 2 до 11 август.

Задоволен сум од се околу подготовките како ги замисливме со времетраење, со почеток, со крај. Сè беше навремено околу подготовките и немавме никакви проблеми со местото на одржување на тренинзите ниту пак со термините. Како беше замислено, така беше и остварено. Сите активности околу нашата репрезентација, суплементација, навремени спортски прегледи, брзо организирање термини за некои девојки кои имаа повреда, инфекции, сето тоа беше во најбрз рок организирано и прегледите беа завршени. Имавме можност да одржиме само два пријателски натпревари, во Босна и Херцеговина, на повик на нивниот селектор, во градот Бужим направивме два контролни натпревари.

Тимот кој настапи на Европското првенство можам да кажам дека од база од 60 девојки дојдовме до 40 девојки преку селективни тренинзи, посета на натпревари, финални турнири дојдовме до 22 девојки, па повторно низ една недела селективни тренинзи падна бројот на 16 девојки односно 15 пред самиот крај од кои ги одбравме финалните 12 кои настапија на ЕП. Тука мора да се спомне дека ја изгубивме Ања Начевска поради болест како и нејзината сестра која беше некое време отсутна поради контакт. Во еден потег ги изгубивме сестрите Начевски кои многу ќе ни значеа на ова Европско Првенство. Но млади се, времето работи за нив. Ања има уште едно Европско првенство до 18 години, а Мила има уште едно до 16 и две до 18 години така да ќе имаат што да покажат во годините кои се пред нив.

Девојките кои ги одбрав, последните дваесетина, се најдоброто кое во моментов го има македонската женска кошарка, без разлика што имаше шест – седум девојки кои се помлади по две, три па и по четири години, тие се најдоброто во моментов и стојам зад тоа дека се иднината на македонската кошаркавели Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот