Училиште / фото: Фејсбук / илустрација

Кривична за двајца директори на училишта од М. Каменица, аплицирале со лажни сертификати за англиски јазик

Двајца директори на училишта во Македонска Каменица ќе одговараат откако, според полицијата, се пријавиле за раководните позиции приложувајќи лажни сертификати дека го познаваат англискиот јазик, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави и против В.Г.(37) и 41-годишната Д.Д.Г., двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавените набавиле лажни сертификати за познавање на англиски јазик и ги употребиле на 15.01.2024, односно на 01.06.2023 при аплицирање на јавен оглас за избор на директори на основно и средно училиште во Македонска Каменица. Врз основа на приложените документи тие биле избрани за директори на училиштата, а по дополнителни проверки од Отсекот за компјутерски криминал Штип било констатирано дека нивните сертификати за познавање англиски јазик се фалсификувани“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот