Полиција / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Кривична против директорот и четворица вработени во ЈКП во Кичево – создале дива депонија во населена зона

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, Зендел Јонузи, доби кривична пријава, бидејќи од 2020 година до денес постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, Јонузи создал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и четворица вработени во ова претпријатие.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од село Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени две продолжени кривични дела во стек „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“, по член 230 став 1 и ст.5 и против Б.Б.(49) од село Грешница, кичевско, С.А.(49) од Кичево, Д.Ј.(56) од Кичево и Ф.Т.(62) од Кичево поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4 – соопштија од МВР.

Како што потенцираат, Јонузи постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина.

Од МВР потенцираат дека на 4 јуни оваа година во дивата депонија, полициски службеници ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот