Денари
Денари / Фото: МИА

Кривична пријава за струмичка фирма и нејзиниот управител за даночно затајување

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, Општина Босилово поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Како што информира денеска МВР, во периодот од 1 декември 2020 до 31 декември 2020 година, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг доход во вкупен износ од 1.306.083 денари, но не го уплатиле и за таа сума го оштетиле државниот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот