Кривична пријава за љубителка на коњи од Битола, наводно фалсификувала документи

34-годишна битолчанка ќе одговара за измама и фалсификување документи откако, според полицијата, направила малверзации со Здружение за коњички спортови и заштита на коњи, информира МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Ј.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправи“. Првопријавената И.О. лажно прикажала дека е овластено лице-претседател на Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола, со што довела во заблуда правен субјект од Куманово, односно негов локален застапник- дистрибутер од Битола на тој начин што не го подмирила долгот за извршена испорака и нанела штета во износ од 570.000 денари. Второпријавената, со помош на апликација во нејзиниот телефон, извршила преправка на тековната состојба од Здружението за коњички спортови во рубриката „овластени лица“ со намера таквата исправа да се употреби како вистинита. На тој начин, првопријавената како доказ во правниот сообраќај ја употребила фалсификуваната тековна состојба, при што со лажно прикажување и со прикривање на фактите го довела во заблуда правното лице од Куманово да склучат договор за соработка од 09.04.2024 и правното лице – застапник од Битола, како дистрибутер да изврши испорака на производи“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот