Кривична пријава за главниот инспектор на Одделение за лично обезбедување на министри поради лажирање на работни часови

Поднесена кривична пријава против главен инспектор во обезбедувањето на министри и поранешни претседатели.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Б.М., главен инспектор во Одделението за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели и други личности при ОЗОЛО.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, тој се сомничи за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи во февруари 2024 година евидентирал 32 часа прекувремена работа за две лица, иако знаел дека за нив не постоеле наредби за таков ангажман.

„Пријавениот изготвил список за исплата на плата за месец февруари и свесно внел неосновано евидентирана прекувремена работа од 28, односно 32 часа за две вработени лица“, наведуваат од МВР.

Кривичната пријава е поднесена до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот