
Кривична пријава против ексдиректор на подружница на „Национални шуми“
Поднесена е кривична пријава против поранешен директор на подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“ за злоупотреба на службена положба, со што на претпријатието му нанел штета од над 615.000 денари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 61-годишниот Л.Р. од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
„Тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми ‘Национални шуми’, ПО Скопје, подружница ‘Стогово’- Дебар, објавил јавен повик за склучување договор за закуп на плац за складирање огревни дрва во Дебар, по што, со злоупотреба на службената положба и овластување, подметнал фиктивна понуда за плац, наводно навремено поднесена и со пропуштање должен надзор и увид дали парцелата ги исполнува минималните услови, наведени во јавниот повик, спротивно на предвидените услови, склучил договор за подзакуп и закуп на недвижен имот градежно неизградено земјиште во Дебар. Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие му нанел штета од 615.495 денари“, соопшти МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
18мин
-
25мин
-
43мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5