Кристофер Хил/ Фото Youtube screenshot

Кристофер Хил за Косово: Повлекувањето на војниците и апсењето на Милан Радоичиќ се добри чекори

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил рече дека повлекувањето на војниците од границата на Косово и апсењето на Милан Радоичиќ се добар чекор и во интерес на Вашингтон е да се најде решение за кризата на Косово.

„Нема сомнеж дека имаше повлекување на помал дел од војниците и дека во таа смисла работите се движат во добра насока. Можам да кажам и дека имаме потврда за намалениот број војници. Проблемот овде не е воен, туку всушност политичи“, рече Хил во интервју за Танјуг.

Тој додаде дека зголеменото присуство на војници долж административната линија со Косово предизвикува загриженост и дека САД побарале од српското раководство да ги повлече војниците.

„Многу ни е драго што можеме да кажеме дека тоа се случи“, рече американскиот амбасадор.

Зборувајќи за настаните во Бањска на 24 септември, Хил рече дека ЕУ и САД сакаат да знаат што точно се случило тогаш.

„Мислам дека апсењето на Радоичиќ, кој се чини дека ја призна вината за повеќето работи што се случија, беше добар чекор. Сепак, мислам дека сите сакаме да знаеме за што всушност се работи, што сакале да постигнат, каде го добиле сето тоа оружје и муниција“, рече американскиот дипломат, додавајќи дека разговорот за вистинските проблеми зависи „од јасен увид во тоа што всушност овие луѓе заедно со господинот Радоичиќ се обидувале да направат и што сакале да постигнат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот