Instagram

Кристeн Стјуарт: Не се срамев отворено да кажам дека сум геј, но не сакав да бидам дел од јавноста

Кристeн Стјуарт е веќе дваесет години во филмската индустрија, се појавува во повеќе од 40 филмови, но како што вели таа дури сега има зрел став за својот живот, кој е постојано во центарот на вниманието на јавноста.

Актерката од „Twilight“ во интервју за списанието „InStyle“ изјави дека сега како 30 годишна жена може да го сфати притисокот што го чувствувала кога со 21 година ѝ беше ставена „етикетата на лезбејка“. Таа сега слободно се нарекува квир.

Instagram

Кристeн која е и режисер на филмот „Happiest Season“, објасни дека има причина зошто била толку внимателна со нејзината романса со Роберт Патисон.

Правевме сѐ што можевме да нѐ фотографираат додека правиме вообичаени работи – работи што со тоа престанаа да бидат наши“, рекла актерката која престанала да пие и пуши на денот кога наполнила 30 години.

Инаку, актерката веќе една година е во врска со сценаристот Дилан Мејер и без двоумење збореше за нејзините врски со жени.

„Twilight“ / Instagram

Кога прв пат излегов со жена, веднаш ме прашаа дали сум лезбејка“, изјави Кристен.

Првата девојка со која ја поврза јавноста беше Алиша Каргил, со која се гледала од 2014 до 2016 година.

„Тогаш си реков „Исусе, имам 21 година“, се чувствував како да сум повредила некои луѓе со кои сум била. Не затоа што се срамев отворено да кажам дека сум геј, туку затоа што не сакав да бидам дел од јавноста. Тоа ми се чинеше како кражба“, рекла актерката.

Instagram

По Алиша, американските таблоиди ја поврзуваа со Соко во 2016 година, со Сент Винсент, со Стела Максвел во периодот од 2016 до 2019 година како и со Сара Динкин од 2018 до 2019 година.

Дури и во моите стрејт врски, постојано внимавав да не ме фотографираат и во нормални ситуации“, рече Кристен.

Од друга страна пак ја поврзуваа со Роберт Патисон од 2009 до 2013 година, со Мајкл Ангаран од 2005 до 2009 и со покојниот Антон Јелхин во 2014 година.

Instagram

Првите неколку пати кога играв квир карактери, сè уште не зборев отворено за мојата сексуалност. Мислам дека е важно да се обидеме да видиме како е во туѓи чевли, но сепак да не го заземаме местото на луѓето кои сами би требало да ги раскажат своите приказни“, изјавила таа.

Кога ја прашале за работата на серијалот „Twilight“, таа рекла – „Бев дете. Никогаш не си помислував: Океј сега уште и „Twilight“ да го носам на грб. Тогаш немав идеја што се случува.“

Instagram

Кристен исто така проговорила и за карантинските денови, велејќи дека поголемиот дел од времето го поминувала шетајќи ги своите кучиња.

Се чувствувам ужасно заради ситуацијата во која се наоѓа светот, па затоа донирам пари. Јас сум фрустриран оптимист. Јас секогаш мислам дека не може да биде толку лошо како што е“, додала актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот