Таравари - изборен штаб Гостивар

Крилото на Алијанса на Таравари го формира изборниот штаб во Гостивар

Крилото на Алијанса за Албанците што го предводи Арбен Таравари од вечерва ги почна подготовките за претстојните избори. Првиот изборен штаб е формиран во Гостивар, а наскоро и во останатите општини.

Процесот почна во Гостивар, каде што за претседателот на изборниот штаб е назначен Исак Љазами. Тој ќе ја води организацијата и координацијата на изборите во општина Гостивар. Се очекува овој месец штабови на АА да се формираат и во сите ограноци, пишува во соопштението на партијата.

„Како кандидат за градоначалник најголеми изгледи има актуелниот вршител на должноста, Ваљбон Лимани. Тој според лидерот Таравари е потенцијален кандидат, бидејќи, како што кажа во неколку наврати, Лимани е како личност многу ценет и сакан од граѓаните на Гостивар и има широка поддршка поради својата работа и посветеност“, велат од партијата на Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот