
Кремљ започнува нова пропагандна кампања низ Европа
Нова пропагандна кампања на Кремљ под слоганот „Русија не е мој непријател“ се шири низ Европа, а најновиот случај е пријавен во Романија, каде што се појавија налепници со цел да се прикаже Русија како миротворец, пишува Киев пост.
Препорачано
Украинскиот центар за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана предупреди за оваа хибридна кампања. Тие предупредуваат дека налепници со оваа порака, покрај во Романија, веќе се видени во градови низ Франција и Италија, каде што често ги дистрибуираат проруски организации.
Создавање илузија за „мирно партнерство“
„Русија започна пропагандна кампања „Русија не е мој непријател“, која стигна до Романија. Налепници со оваа порака се појавуваат во градовите како дел од хибридната кампања на Кремљ со цел да се создаде илузија за „мирно партнерство“. Преку вакви алатки на влијание, Русија се обидува да се прикаже како миротворец, да ги минимизира сопствените злосторства и да посее раздор во европските општества“, се вели во соопштението на Центарот.
Целта е да се поткопа поддршката за Украина
Целта на кампањата, додаваат тие, е да се поткопа довербата на граѓаните во владеењето на правото и демократските институции во нивните земји, да се доведе во прашање евроатлантската насока и да се дискредитира поддршката што Европа ѝ ја дава на Украина.
Центарот, исто така, нè потсетува дека од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина, Русија значително ги интензивираше хибридните напади врз критичната инфраструктура на Европската Унија.