
Кремљ повторно ги отфрли тврдењата за нарушување на воздушниот простор на други земји
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги отфрли тврдењата на неколку европски земји за руски беспилотни летала што го нарушиле нивниот воздушен простор, оценувајќи ги тие тврдења како „празни и неосновани“.
Препорачано
„Ги сметаме таквите зборови за празни, неосновани и продолжение на сосема очигледната политика на ескалација на тензиите и предизвикување конфронтациска атмосфера. Рускиот воен персонал дејствува строго во согласност со меѓународните прописи, вклучително и оние што се однесуваат на летовите“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Тој оцени дека ваквите тврдења не се изненадувачки, но исто така дека тоа е дополнителна ескалација на тензиите во балтичкиот регион.
„Во изјавата на Естонците, никогаш не слушнавме дека имале податоци од опрема за објективно следење“, рече Песков.
Во петокот, естонските власти соопштија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата во близина на островот Виндло 12 минути.
Инцидентот се случи откако полските власти соопштија дека 21 руски беспилотни летала го нападнале полскиот воздушен простор во ноќта меѓу 9 и 10 септември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
18мин
-
19мин
-
28мин
-
29мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5