Кремљ му одговори на Трамп дека војната со Украина за нив не е тепачка меѓу деца, туку егзистенцијално прашање

Војната во Украина е егзистенцијален проблем за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како реакција на споредбата што американскиот претседател Доналд Трамп ја направи меѓу војната и тепачка меѓу деца.

– Трамп има право на свое гледиште, но за Русија ова е егзистенцијален проблем кој се однесува на националната безбедност и иднината на земјата – изјави Песков.

Тој нагласи дека за Русија ова прашање се однесува на безбедноста на нејзините граѓани, иднината на децата и целата држава. Според него, војната започнала откако биле исцрпени сите можности за решавање на проблемот преку политичко-дипломатски средства.Претседателот Трамп, во средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Овалната соба, ја спореди војната во Украина со тепачка меѓу две деца што се мразат.

– Понекогаш е подобро да ги оставиш да се тепаат некое време, па потоа да ги раздвоиш, рече Трамп, додавајќи дека токму така му ја објаснил ситуацијата на рускиот претседател Владимир Путин во нивниот неодамнешен разговор.

– Му реков дека можеби ќе мора да продолжат да се борат и да страдаат, бидејќи и двете страни страдаат, пред да може да бидат раздвоени – рече Трамп.

Како споредба ја наведе ситуацијата во хокејот, каде што судиите понекогаш дозволуваат борба пред да интервенираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот