Profimedia

ФОТО | Креаторот на хит серијата „Јелоустоун“ го живее својот сон како каубој на ранч проценет на неверојатни 600 милиони долари

Има само 54 години, а Тејлор Шеридан одамна ги оствари сите свои соништа. Откако како сценарист, режисер, продуцент и глумец заплови по морето на славата, најде и победничка формула за снимање на најуспешните серии на денешницата.

Покрај тоа што е повеќе од успешен во телевизискиот свет, Шеридан може да се пофали со неверојатно портфолио на недвижен имот и земјиште во самото срце на Тексас. Тој е сопственик на два ранча, „Bosque“ во Ведерфорд и легендарниот „Four Sixes“ во округот Кинг. И двата му служат како лични и семејни засолништа, но тоа не е нивната единствена цел.

Profimedia

Шеридан одамна сфатил дека може да извлече дополнителен извор на приходи од своите имоти, па неговите ранчеви станаа официјални локации за снимање на хит серијата „Јелоустоун“.

А круната на неговата империја е ранчот „Bosque“, каде што Шеридан го поминува поголемиот дел од своето време со своето семејство. Го купил во 2013 година за неверојатна сума од 264 милиони долари и на него изградил семејно гнездо со сопругата и 14-годишниот син Гас, откако го замениле Лос Анџелес за Тексас.

Ниту една секунда не се двоумел да го напушти Холивуд

За Шеридан, напуштањето на блескавиот и хаотичен Холивуд никогаш не било нешто за што размислувал долго време.

„Го напуштив Лос Анџелес веднаш штом имав можност“, рече тој во 2020 година во интервју за списанието Cowboys & Indians.

Profimedia

Со сопругата, актерката Никол Мирбрук и нивниот син, тој го поминува времето на двата ранча, а тие одамна го прифатиле неговиот начин на живот.

Шеридан наводно на стриминг-сервисот на Paramount Plus му наплаќал 50.000 долари неделно за снимање на сопствената серија во својот дом. Но, тоа не е единственото нешто што тој го наплатил. Пред снимањето на петтата, а засега последна сезона од серијата, тој бил домаќин на кампот за обука на каубојци, подготвувајќи ја актерската екипа за нивните улоги.

За ова, тој депонираше повеќе од 200 илјади долари на својата сметка, од кои 33 илјади долари биле потрошени само за кетеринг, а обучените актери  научиле апсолутно сè за животот на ранчот, работата со коњите и финесите на каубојската култура.

За каков ранч станува збор говори и фактот што на него се наоѓа голема арена во која редовно се одржуваат разни настани, а тука е и ресторанот „Nic’s Bar“. Во јануари 2022 година, Шеридан ја прошири својата империја со купување на познатиот имот „Four Sixes“. Со група инвеститори искеширал неверојатни 350 милиони долари, но тоа не му било ни најмал проблем, особено кога знаел дека тоа е ранч историски важен за цел Тексас.

Profimedia

Со цел да го извлече најдоброто од тоа, „Four Sixes“ нуди тури на ранчот, така што во текот на час и половина, туристите можат од прва рака да дознаат сè за историјата на Јелоустоун и Тексас.

Најдоброто нешто во целата приказна е тоа што Тејлор Шеридан не морал да размислува премногу при дизајнирањето на „Јелоустоун“ и другите спин-офови. Креаторот на хит серијата нашол инспирација во сопствениот живот додека го живее својот сон како каубој на ранч проценет на неверојатни 600 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!