
Креативноста на Еди Рама нема крај, погледнете какви имиња им става на албанските авиони (ФОТО)
Креативноста на албанскиот премиер Еди Рама по се изгледа нема крај, тој почна да ги презентира авионите на „Ер Албанија“, а нив ги именува со имиња на албански поети.
Препорачано
Денеска го презентираше авионот што ќе биде дел на компанијата „Ер Албанија“ и ќе ги покрива летовите од Ринас, Албанија, до аеродромите во Италија.
По авионот со име „Ласгуш“ е оној што го покрива Истанбул уште од минатата година, името „Мигени“ е избрано за авионот кој ќе ја покрие Италија.
Авионот е „Боинг 737“ од 2016 година, а според албанскиот премиер ги исполнува највисоките стандарди.
– По „Ласгуш““ кој го покрива Истанбул, еве го „Мигени“, вториот авион на флотата “Ер Албанија“ што ќе лета за Италија од почетокот на есента. Боинг 737 од 2016 година, со високи стандарди на услуги од албанските стјуарди, од храната во бордот што со години беше заборавено за патниците во Ринас и со телевизор за секој патник, како никогаш досега – пишува Рама, пренесува Топ Чанел.
Албанскиот премиер вели дека и „Наим“ и „Ноли“ ќе бидат дел од флотата на „Ер Албанија“, кои ќе покриваат други европски дестинации, како и директната линија Албанија-САД.
