Узурпираното земјиште кај Манастирец или попознато како месност „Три чешми", на дваесеттина километри од Дебар, со денационализација е вратено во сопственост на МПЦ-ОА, односно на Бигорски манастир.
Кражба во црквите во пехчевските села Панчарево и Црник
Горан Наумовски
Пред
Извршена е кражба во црквите во пехчевските села Панчарево и Црник. Во Паначарево, според информации на жители на селото, украден е и автомобил пежо 206.
– Автомобилот кој е украден е сопственост на панчаревецот Љупчо Гошевски, а кражбата во црквата „Св.великомаченик Димитриј” е извршена преку разбивање на влезната врата, велат жители кои кражбата ја пријавиле во полиција во Берово.
Од полицијата ја потврдија пријавата за кражбата на автомобилот и разбивањето на црквата и додаваат дека нивни екипи извршиле увид на самото место. Посочија дека според тврдењето на жителите непознати сторители влегувале и одземале пари од црквата, од почетокот на јануари до 22 февруари кога е регистрирана самата пријава за кражба.
– Слична пријава за кражба имаме и за селото Црник каде жителите се сомневаат дека кражбата се случила помешу 20 и 22 февруари 2022, додадоа од полицијата.
Потрагата по сторителите продолжува, а засега нема осомничени и информација колкава сума на пари е украдена од двете цркви.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Луѓето се возат со автомобили во недостиг на функционален јавен превоз и тоа е факт. Таму каде што функционира јавниот превоз, нема потреба од толку автомобили. Дали вие здраворазумно можете да заклучите дека ние не можеме да тргнеме во насока во решавање на јавниот превоз? Тоа се некои прашања кои градови ги решавале пред 150 …