Крал Чарлс, Етел Катерхам - Фото: Јутјуб/Принтксрин

ВИДЕО | Кралот Чарлс Трети ја посети најстарата личност на светот, британката Етел Катерхам

Британскиот крал Чарлс Трети ја посети најстарата личност на светот, 116-годишната Британка Етел Катерхам, по повод нејзиниот роденден, кој го прослави со своето семејство во август, но таа рече дека соодветно ќе го одбележи настанот доколку кралот ја посети.

Тој го стори тоа откако го испрати американскиот претседател Доналд Трамп, посетувајќи ја во дом за стари лица во Лајтвотер.

„Се сеќавам кога твојата мајка те круниса во замокот Карнарвон. Сите девојки беа заљубени во тебе и сакаа да се омажат за тебе“, му рече Катерхам на кралот Чарлс за време на неговата посета, потсетувајќи се на настан од пред повеќе од 50 години.

На масата помеѓу Катерхам и кралот Чарлс имаше претходна честитка за роденден од кралот Чарлс и кралицата Камила, една од покојната кралица Елизабета втора и врамено, потпишано писмо од кралот со кое ѝ посакува на Катерхам среќен 116-ти роденден.

Етел Катерхам доби 17 честитки за роденден од кралот Чарлс и неговата покојна мајка, кралицата Елизабета втора, откако наполни 100 години.

Во 2023 година, таа се појави на официјалната страница на британското кралско семејство на Инстаграм, каде што беше фотографирана како ја прима честитката за 114-ти роденден од кралот.

Етел Катерхам моментално е најстарата потврдена жива личност во светот, родена на 21 август 1909 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот