кралица елизабета втора
Кралица Елизабета ВтораФото: EPA-EFE/STR UK OUT - SHUTTERSTOCK OUT

Кралицата Елизабета во недела одбележува 70 години владеење

Кралицата Елизабета Втора во недела ќе стане првата британска владетелка која е на тронот цели 70 години, со што ќе го означи почетокот на нејзината платинеста јубилејна година.

Нејзиното владеење започна на 25-годишна возраст и оттогаш таа стана единствениот постојан актер во период на брзи општествени и политички промени и шеф на модерна Британија.

Историскиот датум нема да биде одбележан со голема церемонија, бидејќи 95-годишната кралица ја поминува годишнината од смртта на нејзиниот сопруг во приватност.

Но, за почетокот на јуни се закажани четири дена свечености, вклучувајќи воена парада, концерт, улични прослави, масовен пикник и „натпревар во платинест пудинг”.

За одбележување на годишнината се изработени и специјални, пригодни монети.
По смртта на сопругот Филип во април минатата година, кралицата се врати на јавниот живот и службените должности, меѓу кои и приемот на светските лидери на самитот на Г7 во Корнвол, југозападна Англија.

Но, по совет на лекарите откако помина една ноќ во болница во октомври, таа се повлече во дворецот Виндзор и само неколку пати излезе во јавност.

Последен пат тоа го направи пред повеќе од еден месец во нејзината (снимена) годишна божиќна порака, кога му оддаде лична почит на својот покоен сопруг, со кој беше во брак 73 години.

Само тројца владетели во светската историја владееле повеќе од 70 години.

Францускиот „Крал на сонцето” Луј XIV владеел 72 години и 110 дена од 1643 до 1715. Кралот Бумибол Адуљадеј од Тајланд бил на тронот 70 години и 126 дена од 1946 до 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот