Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Крај на сагата: Исак во рекорден трансфер потпишува за Ливерпул

По повеќе од еден месец шпекулации, преговори и неизвесност, трансферот на шведскиот голгетер Александар Исак конечно е договорен и тоа во последниот ден од преодниот рок. Напаѓачот од Њукасл се сели во редовите на Ливерпул за сума од 150 милиони евра, што претставува нов рекорд во Премиер лигата.

Иако преговорите долго време беа во ќорсокак, и делуваше како договорот ќе пропадне, одлучноста на Исак да го облече дресот на актуелниот шампион на Англија беше пресудна. Швеѓанецот отворено изрази желба за преселба на „Енфилд“, а токму неговиот притисок беше клучен за трансферот да се реализира.

Ливерпул на почетокот одбиваше да ја прифати високата цена што ја бараше Њукасл, но по долгите преговори сепак попушти и го „одврза кесето“ за да го добие напаѓачот кој од поодамна го посакува.

Исак, кој поради своето инсистирање на трансферот беше изоставен од составот на Њукасл во првите кола од новата сезона, веќе по завршувањето на репрезентативната пауза може да го очекува и своето деби за новиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот