
Крај на ривалството- Адидас и Пума пред историско спојување
Финансискиот и спортскиот свет се преполни со шпекулации дека Адидас би можел да го преземе својот историски ривал, Пума. Таквиот договор би значел повторно обединување на два бренда основани од браќа кои се во конфликт, но и крај на едно од најдолгите ривалства во деловната историја.
Препорачано
Гласините за можно спојување ги предизвика Блумберг во август 2025 година, кога беше објавено дека семејството Пино, сопственици на 29% удел во Пума преку нивната инвестициска фирма Артемис, ја истражуваат опцијата за продажба на акциите. Одлуката доаѓа откако Пума изгуби речиси половина од својата пазарна вредност во текот на претходната година. Дополнително, Рој Адамс, коосновач на американската инвестициска фирма Метронуклеар, изјави за германскиот Ханделсблат:
„Пума е во вонредна состојба. Ако менаџментот не успее да ја сврти ситуацијата, спојувањето со Адидас е најдобрата опција.“
Веста веднаш ја зголеми цената на акциите на Пума за дури 18%. Ниту Адидас ниту Пума досега не дадоа официјални коментари. Многумина ја споредуваат оваа можност со преземањето на Рибок од страна на Адидас во 2005 година, но ситуацијата сега би била многу посложена. Адидас и Пума се натпреваруваат директно во речиси секоја категорија – од колекции за животен стил до спонзорства за фудбал.
Соединувањето би обединило спектакуларно портфолио на фудбалски клубови: Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Арсенал (Адидас), заедно со Манчестер Сити, Милан и Борусија Дортмунд (Пума).
Во областа на фудбалските копачки, иконските модели Predator, Copa и F50 би се нашле под ист покрив со Future, Ultra и King. Управувањето со овие различни фудбалски идентитети би било невиден предизвик.
Адидас и Пума произлегоа од семејна расправија меѓу браќата Адолф (Ади) и Рудолф (Руди) Даслер за време на Втората светска војна. По разделбата, Ади ги основал „Адидас“ и „Руди Пума“ и ги поставил обете фабрики на спротивните страни од реката во неговиот роден Херцогенаурах. Ривалството го дели градот и спортскиот свет со децении, пишува „БизЛајф“.
Евентуалното спојување на овие гиганти би било многу повеќе од финансиска трансакција – тоа би претставувало затворање на историска рана и настан што засекогаш ќе ја промени спортската индустрија- пишува Бизпортал. рс.