Фото: [cc] by-nc-nd Alecska @ Followthestory.net

Крадливка влегла во незаклучен стан во Скопје, буричкала по паричници и однела пари

34-годишна скопјанка вчера пријавила во полиција дека попладнето непозната жена влегла во нејзиниот стан, кој не бил заклучен, и украла пари од паричник, како и друг паричник со пари и документи, соопшти МВР.

„На 30.09.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје, А.П.(34) од Скопје пријавила дека околу 15:45 часот на подрачјето на Центар, едно женско лице влегло во нејзиниот стан кој не бил заклучен и од еден паричник одзела пари, а одзела друг паричник со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот