Крадци ја ограбиле поранешната фабрика „Еурокомпозит“ во Прилеп, однеле електромотори и кабли

Непознати крадци вчера ја ограбиле поранешната фабрика „Еурокомпозит“ во Прилеп, соопшти МВР.

„На 31.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, при што биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот