Ковачки: СДС намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност

СДС намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност и да се спречи нивна казна за неправилности и корупција. Овој вид на практики доведуваат до сериозно нарушување на принципите на правдата и правото, кои се основни столбови на демократијата и функционирањето на правниот систем, изјави пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како претседател на Судскиот совет беше Весна Дамева, која, како член на партиска комисија на СДС, активно го спроведуваше политичкиот и криминален интерес на својата партија. Дамева, не само што ги поттикнувала, туку и организирала незаконски дејства за да ги исполнува нарачките од тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Поставувањето на партиски лојални кадри во Судскиот совет, и нивната контрола врз судиите и обвинителите, само ја зголемува перцепцијата дека правдата не е достапна за сите граѓани. Паралелно, СДС активно се бори за да го задржи своето влијание во судството преку корумпирани судии и обвинители, кои во голема мера се должни на партијата за своите позиции и промоции. Ваквата стратегија ја поткопува независноста на судството и го нарушува принципот на еднаквост пред законот, што треба да биде основа на секој правен систем. Меѓутоа, времето на ваквата контрола и злоупотреба на судската власт мора да заврши. Правосудниот систем мора да биде независен, професионален и транспарентен – рече Ковачки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот