Средба Ковачевски-Донфрид/ Фото Влада на РСМ

Ковачевски – Донфрид: Со отворање на преговорите ЕУ да ги препознае ефективните политики на РС Македонија

Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Северна Македонија даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во ЕУ. Ова треба да биде препознаено и вреднувано од Унијата, со отворање на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на ЕУ, констатираа на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата во Владата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

-Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Северна Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Северна Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан, наведува во соопштението владината прес-служба.

На средбата, како што се додава во соопштението, е истакнато и дека нашата држава, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

Заеднички е нагласено и значењето на стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.

-Владата е фокусирана на животниот стандард на граѓаните и на надминување на последиците од светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности и на основа на меѓусебна почит и достоинствен пристап во разговорите, рече Ковачевски.

На состанокот стана збор за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!