Фото: wallpaperflare.com

Косовскиот универзитет „Хасан Приштина“ им забрани на професорите да предаваат на приватните факултети

Управниот совет на косовскиот Универзитет „Хасан Приштина“ одлучи да им забрани на професорите кои се вработени на тој универзитет да предаваат и на приватни факултети, пренесува Коха.

Донесена е одлука дека не е дозволено ангажирање на академски кадар на приватни високообразовни установи“, се вели во соопштението на Универзитетот.

Во одлуката се наведува и дека не е дозволено споменување на имиња на професори на тој универзитет од страна на приватните факултети при акредитација на студиски програми во Агенцијата за акредитација, како и давање поддршка во каква било форма на факултет или приватна високообразовна институција, а во процес на програмска и институционална акредитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот