косово
Косово / Фото: Millenius / Alamy / Alamy / Profimedia

Косово со негативен биланс во надворешната трговија, дефицитот надмина 576 милиони евра

Во јули 2025 година, надворешната трговија на Косово го продлабочи трговскиот дефицит за 16,2% во споредба со истиот период во 2024 година. Трговскиот дефицит достигна вредност од 576,4 милиони евра, во споредба со дефицит од 495,9 милиони евра во 2024 година. Извозот го покри увозот со 12,7%. Вредноста на стоките што пристигнаа во Косово беше над 660 милиони евра, додека стоките извезени надвор од Косово вредеа околу 84 милиони евра.

„Извозот на стоки во јули 2025 година имаше вредност од 83,8 милиони евра, додека увозот изнесуваше 660,2 милиони евра, што претставува намалување од (-2,4%) за извозот, како и зголемување од 13,5% за увозот, во споредба со истиот период во 2024 година“, објави Коссев.

Извозот на Косово во земјите од ЕУ достигна 28,8 милиони евра, или околу 34,3% од вкупниот извоз, со зголемување од 8,9%. Главни партнери за извоз на стоки во ЕУ беа: Германија 10,5%, Холандија 3,8%, Италија 3,5%, итн. Над 283 милиони евра увезени стоки од ЕУ, при што Германија е главен партнер. Земјите со најголемо учество во увозот беа: Македонија (4,2%), Албанија (3,7%), Србија (3,1%)“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!