Фото: Алијанса за Албанците

Косовец се обидел да влезе во Македонија со украдено „БМВ“

Вчеравечер, 26-годишен Косовец е уапсен на граничниот премин „Блаце“, откако било утврдено дека автомобилот „БМВ“ кој го возел е украден, соопшти МВР.

„На 10.06.2025 во 22:00 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(26) од Косово затоа што при гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол со активна мерка „украдено возило“. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот