Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Косовец баран од македонските власти, уапсен на албанско-косовска граница

На граничниот премин „Морина“, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.

Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел екстрадиција во Северна Македонија.

– При проверките и разговорите во втор ред, на влез во државата, се покажа дека 38-годишниот маж е прогласен за меѓународен баран, откако Судот во Гостивар му изрекол шест години затвор за трговија со дрога. Од оваа казна му остануваат да одлежи околу една и пол година затвор, информираа од албанската полиција.

Се додава дека Интерпол Тирана, во соработка со македонските колеги, ги спроведуваат процедурите за негова екстрадиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот