
Косовци фатени во Бугарија во шверц на 3 килограми злато пренесено преку Македонија
Бугарските цариници во неделата запленија речиси 3 килограми шверцувано злато на граничниот премин Ѓуешево. Царинските службеници запреле патнички автомобил кој од Македонија преку граничниот премин Деве Баир влегувал во Бугарија. Во него патувале двајца косовски државјани.
Препорачано
„На 9 февруари околу 18:45 ч. возилото е селектирано за детален царински преглед. При претресот е откриена тајна преграда. Во него се пронајдени девет жолти метални предмети со различни форми и големини. Нивната вкупна тежина е 2.925 грама. Во средишната конзола на автомобилот инспекторите пронашле и второ складиште со електрична брава, кое во моментот на прегледот било празно. Жолтите метални предмети се одземени“, соопшти бугарската Царина.
Под раководство на Окружното обвинителство Ќустендил се водат истражни дејствија врз основа на предистражна постапка поведена за кривично дело транспортирање стока за комерцијални цели во големи количини преку границата на државата без знаење и дозвола на царината.
До судот ќе биде поднесено барање за превентивни мерки „притвор“ против Е.Ја (22) и Д.Б. (21) од Косово, на кои им е одредена мерка притвор до 72 часа.