Антонио Кошта / Фото EPA-EFE/Domenic Aquilina

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан. Посетата на Белград е планирана за 13 мај, пишува српски „Данас“.

Тоа ќе биде негова прва посета на Балканот во форма на турнеја откако стапи на должост како претседател на Европскиот совет. Посетата на Приштина е закажана за следниот ден, 14 мај.

Според српските медиуми, Кошта во рамките на турнејата ќе ги посети „сите земји од Западен Балкан“, но засега нема информации за терминот на неговата евентуална посета на Македонија. Турнејата на првиот човек на Европскиот совет доаѓа непосредно пред самитот на Европската политичка заедница, кој ќе се одржи на крајот на следната седмица во Тирана.

Европската политичка заедница е паневропска иницијатива која датира од 2022 година, основана на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, замислена како собира на повеќе од 40 лидери од земјите од европскиот континент и институциите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот